Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски шампион непосредно пред враќањето на „црвено-црните“ во натпреварувачки ритам и претстојниот дуел од ЛШ против германски Фленсбург. Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

ЕКИПА дознава дека станува збор за македонски ракометар, а по неговиот позитивен тест е извршено тестирање на сите членови на клубот чии резултати се очекуваат до крајот на денот. По добивањето на тие резултати ќе биде јасно на чии услуги ќе може да смета тренерот Алушовски за претстојниот дуел со Фленсбург. „Вардарци“ се без меч во ЛШ уште од 16 септември, во целиот овој период немаа позитивен случај на Covid-19, но сега непосредно пред продолжението со настапите од елитното европско натпреварување се соочуваат со сериозен проблем.

За потсетување, позитивен на коронавирус на самиот старт од сезоната беше капитенот Стојанче Стоилов, кој од оваа причина го пропушти завршниот турнир од Ф4 турнирот од СЕХА-лигата.

Се вчитува...