Коронавирусот влезе и во „куќата на кошарката“

По бројните случаи на коронавирус во кошаркарските прволигаши кои придонесоа да дојде до одложување на стартот на сезоната, вирусот Covid-19 „влезе“ и во „куќата на кошарката“. Висок функционер на КФСМ е заразен од коронавирус, а по позитивниот тест тој се наоѓа во самоизолација.

„Точно е дека имаме позитивен случај во федерацијата. Тој е во самоизолација и што е најважно, засега не чувствува симптоми од болеста. Сите се надеваме на што побрзо оздравување“, потврдија за ЕКИПА од „куќата на кошарката“.

За очекување е челниците на федерација што поскоро да најдат начин за почеток на сезоната, нешто што клубовите го побараа од КФСМ на денешниот состанок.

Се вчитува...