Србинот Косанин, ново име во Академија ФМП

Академија ФМП успешно ги финишираше преговорите за ангажман на уште еден странски кошаркар, откако вечерва беше официјализиран трансферот на Недељко Косанин.

Овој српски играч настапува на бековската позиција, каде ќе се надополнува со Крстајиќ, кој ланската сезона беше лидер на Академија ФМП и најзаслужен што овој тим се пласираше во плејоф завршницата.

Косанин (25 години) ланската сезона беше предводник на српскиот тим Беовук, каде во просек постигнуваше по 16,5 поени и 5,6 асистенции по натпревар.

Се вчитува...