Кошаркар на Ловќен не трпи себичност – полуде и плукаше кон својот соиграч откако не доби топка (ВИДЕО)

Кошаркарот на Ловќен, Милош Поповиќ ги загуби нервите на дуелот против Горица на „балонот“ во АБА2 лигата откако во неизвесната завршница, при негатива од 75-78 на 20 секунди пред крајот на средбата, по „пик енд поп“ ситуација не доби топка на отворен шут за три поени. Наместо тоа, неговиот соиграч, Рој Петерс се одлучи за влез кон противничкиот кош, шутираше од неповолна ситуација и промаши.

Поповиќ не го криеше задоволството, плукаше кон својот соиграч и сочно го опцу Американецот…

Претходно Црногорецот беше креатор на потегот на мечот, кога во третата четвртина погоди од невозможна ситуација со звукот на сирената.

Се вчитува...