Кошаркар на Мајами исфрлен од тимот поради антисемитистички коментари (ВИДЕО)

Кошаркарот на Мајами Хит, Мајерс Ленард е исфрлен од тимот на неодредено време поради антисемитистички коментари. Тој исто така остана и без спонзори откако се појави видео во кое со пцуе додека игра видео-игри.

Од Мајами соопштија дека Ленард е исклучен од тимот на неодредено време, поради употреба на антисемитистички пцовки. 29-годишникот во текот на играта прво сексистички навредувал, па потоа еден од играчите го нарекол кукавица додавајќи го изразот (кајк), кој е навредлив назив за Евреи.

Се вчитува...