Кошаркар на Партизан заразен со коронавирус?

Еден кошаркар на Партизан наводно е позитивен на коронавирусот, пренесуваат српските медиуми. Името на кошаркарот е непознато, но тој претходните денови не се чувствувал најдобро и поради тоа решил да направи тест. Резултатите на тестот биле позитивни и поради оваа ситуација целиот кошаркарски клуб ќе мора да се тестира.

Кошаркарите на Партизан веќе неколку недели се вратија на тренинзи, а голем дел од тимот присуствуваше и на вечното дерби во „Хумска“, но и на прошталниот натпревар на легендата на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ.

Официјална информација од клубот се уште нема и се очекува дали од клубот ќе го изнесат името на кошаркарот кој е заразен со коронавирус.

Се вчитува...