Кошаркарите без кормилар: Собирот денеска, селекторот доаѓа утре

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одржи првиот собир во пресрет на неделниот натпревар против Косово, во рамките од претквалификациите за Евробаскет 2021. Собирот ќе мине без селекторот Јорданчо Давитков, кој поради клупски обврски ќе пристигне во Македонија во текот на утрешниот ден и ќе почне со тренинзи.

Денешниот прв собир ќе го предводат асистентите Љупчо Малинков и Алек Јончевски, а на него ќе бидат присутни сите повикани кошаркари.

Репрезентативците ќе тренираат во Скопје до петок наутро, по што ќе заминат за Гевгелија, каде в недела ќе ги одмерат силите со косовскиот национален тим што пред нешто повеќе од два месеци го совлада во Приштина.

За потсетување, Македонија по првите две кола има две победи, а триумф в недела над Косово широко ќе ги отвори вратите кон пласман во главната квалификациска рунда за Евробаскет 2021.

Се вчитува...