Кошаркарите без селектор тргнаа на пат кон Романија

Македонската кошаркарска репрезентација тргна на пат кон Романија, каде утре со почеток во 17 часот ќе го финишира и вториот претквалификациски циклус за Евробаскет 2021. Математиката е јасна – дури и пораз до 14 поени разлика ја задржува Македонија на првото место во групата и носи место во главните квалификации, каде 32 селекции ќе се борат за 24 места на претстојниот континентален собир.

Македонската експедиција отпатува за Романија без селектор, откако Јорданчо Давитков поради клупски обврски во последен момент беше принуден да „лета“ за Кувајт, од каде утре наутро ќе стигне во Плоешти за да го води националниот тим во последниот натпревар од овие претквалификации. Во авионот за Виена, па потоа и на летот до Букурешт, ќе го нема ниту Ричард Хендрикс, за кого по откажаниот лет во САД беше донесена одлука да отпатува директно во Романија и таму да ги чека репрезентативните колеги.

Импровизации колку ти душа сака, само да не се одразат на резултатот, па да ни се случи фијаско и пораз од 15+ поени.

Се вчитува...