Кошаркарите фаќаат залет за Перм – Евробаскет не е невозможна мисија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за претстојниот квалификациски турнир во Перм, Русија, каде нашите кошаркари во пет дена ќе водат четири битки за пласман на европскиот шампионат.

Оваа фаза од подготовките ќе ја пропуштат интернационалците од Шпанија, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски, но добра вест за селекторот Тодоров е што од првиот тренинг на располагање ќе го има Американецот Вајли, кој ќе има можност што подобро да се адаптира во националниот тим. Денешниот тренинг го пропушти и

Задачата не е нималку лесна по првите два порази, но математички на „црвено-жолтите“ би можела да им биде доволна и една победа, двоцифрена над Естонија, за да се стигне до билет за ЕП. Пласманот на Евробаскет не е невозможна мисија, но на Тодоров и неговите избраници им е јасно дека за такво нешто ќе мора да се одигра на многу повисоко ниво од оние први две средби од минатиот февруари.

Се вчитува...