Кошаркарите ќе играат олимписки квалификации во Талин или Гливице, во ждрепката се во осмиот шешир

Македонската кошаркарска репрезентација ќе ги стартува олимписките квалификации со турнир во Талин, Естонија, или Гливице, Полска, локации што денеска беа и официјално избрани од страна на ФИБА за одржување на овој турнир, прв во новиот формат на квалификации за едни Олимписки Игри.

Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).

Турнирите ќе се играат во периодот од 12. до 20. август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година.

Се вчитува...