Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер истакна дека ситуацијата не е идеална и дека некои кошаркари нема да сакаат да учествуваат во планираната завршница на сезоната. НБА планира сезоната да заврши со 22 тима во Орландо, а сите оние кои нема да играат бидејќи стравуваат од коронавирусот нема да бидат санкционирани.
„Едиствено можам да кажам дека тоа не е за секого. Ќе биде потребна голема жртва на сите кошаркари и сите други лица кои ќе бидат вклучени во играта. Се обидуваме да пронајдеме своја нормалност во сред пандемија, протести и рецесија со 40 милиони невработени. Поради сето тоа можам да сфатам што некои кошаркари не сакаат да играат. Се надевам дека некако ќе успееме да го пребродиме овој период. Сепак, што и да одлучат договорено е со асоцијацијата на кошаркари дека доколку некој не сака да ја продолжи сезоната тоа не е кршење на договорот“, изјави Силвер.
НБА сезоната ќе продолжи на 30. јули во Орландо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА