Кошаркарите комплетни, се приклучи и Димитријевиќ

Селекторот Александар Тодоров од вечерва ги има на располагање сите кошаркари, откако на последниот тренинг се појави и Ненад Димитријевиќ. Одличниот плејмејкер допатува последен поради инсистирањето на неговиот клуб Хувентуд што подолго да го задржи во Бадалона. На крајот, Шпанците сепак попуштија и дадоа зелено светло Димитријевиќ да допатува викендов, наместо в понеделник.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека навистина сум возбудне што повторно сум дел од националниот тим. Што сум тука, среќен сум што ми се дава оваа шанса и подготвен сум да почнам. Почнуваме в четврток против Естонија, мислам дека тоа ќе биде доста тежок меч. Дека тоа е еден сериозен противник. Знаеме дека се една ‘ран ен-ган’ екипа. Но убеден сум дека ќе се подготвиме добро и во четврток навечер да бидеме, што се вели, на 100%“, истакнува Димитријевиќ.

Се очекува овој кошаркар да биде еден од лидерите на националниот тим во новиот квалификациски циклус, откако беше игнориран во претходните квалификации од страна на селекторот Јорданчо Давитков.

 

Се вчитува...