Кошаркарите на Бразил на чекор до ОИ

Кошаркарите на Бразил се пласираа во финалето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз. Избраниците на Ацо Петровиќ со победата над Филипини 70-61, влегоа во завршниот меч за пласман во Париз.

Во финалето го чекаат подобриот од дуелот Летонија – Камерун, по што големи се шансите против домаќинот Летонија да го бараат патот до Париз.

Филипинците беа подобар противник во првиот дел, имаа предност од 10 разлика, но застанаа. Кабокло почна да доминира и да прави разлика за пресврт и конечна победа на „кариоките“. Тој беше најефикасен со 15 поени, додека исто толку на другата страна постигна Џастин Браунли.

Се вчитува...