Кошаркарите на мегдан со Израел и во Талин и во Скопје

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот во Талин против Израел го започнува настапот на претквалификациите за Летните олимписки игри во Париз 2024 година.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски покрај со Израелците во главниот град на Естонија ќе се сретнат и со Естонците и Чесите, а во дуелите против фаворизираните противници влегуваат со цел да дадат се од себе за прикажување во најдобро можно светло.

Македонија во Талин повторно нема да биде комплетна. Јончевски нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ кој се пожали на повреда пред самиот турнир, слично како и Виктор Ефремовски, а одмор ова лето доби и Бојан Крстевски па „црвено-жолтиот“ дрес ќе го бранат: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

 

Интересно, сениорите нема да бидат единствените кои денеска ќе водат битка на кошаркарскиот терен против Израел. Од 16 часот во СРЦ „Кале“ нашата репрезентација до 16 години ја очекува искучително важен натпревар во битката за опстанок во „А“ Дивизија.

Се вчитува...