Кошаркарите на Партизан ги чува полиција пред „мајсторката“ против Црвена Звезда

Црвена звезда и Партизан водат голема борба за титулата во АБА лигата, а шампионот ќе го решава петтиот натпревар од финалната серија кој на програмата е утре со почеток во 20 часот.

По победата на црвено-белите во првите два натпревари, Партизан возврати пред своите навивачи, а видовме многу тензии и инциденти. Во меѓувреме екипите тренираат за продолжување на финалната серија, а тоа мораа да го направат кошаркарите на Партизан под надзор на полицијата.

Имено, тренингот на Партизан во саботата заврши само половина час пред почетокот на Звезда, па за да избегне евентуални инциденти со навивачите, клубот ја повика полицијата да ги обезбеди кошаркарите.

Слична ситуација се случи и утрово, кога на билетарницата се собраа голем број на црвено-бели поддржувачи, па тренингот на Жељко Обрадовиќ беше поместен половина час порано, место во 11 во 10 и 30.

Се вчитува...