Кошаркарите на Вардар му се реваншираа на Шкупи за поразот на фудбалерите

Кошаркарите на Вардар стигнаа до првата победа сезонава во Првата лига, славејќи во 5. коло против Шкупи со 67-77.

„Вардарци“ го начекаа Шкупи за конечно да дојдат до триумфот, реванширајќи се против чаирскиот тим за денешниот пораз, пак, на фудбалерите со 1-0.

Најефикасен во победата на Вардар беше Провел со 20 постигнати поени, а по 12 постигнаа Ивановиќ, Михајлоски и Радош. Во поразениот состав се издвои Рангелов со 17 постигнати поени.

Шкупи е закован за дното на табелата без ниту една победа по пет натпревари во новата сезона.

Се вчитува...