Кошаркарите отпатуваа за Косово

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија замина за Косово каде утре ќе го одигра првиот натпревар во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. Ова е старт на втората фаза од претквалификациите, а дуелот со Косово е закажан за 20.30 часот во Приштина.

Од конкуренција за овој меч отпаднаа Пајиќ, Маслинко и Кире Николовски, а селекторот Јорданчо Давитков има главоболки и поради повредите на Хендрикс и на Трајковски, кои се дел од патниците за Косово.

Три дена подоцна сениорите ќе го одиграат вториот натпревар од групната фаза, против Романија во Скопје.

Се вчитува...