Шпанија е една од ретките земји во која ќе се доигрува кошаркарскиот шампионат, откако кошаркарската федерација донесе одлука 12-те најдобри тимови да одиграат по турнирски систем во Валенсија од 17 до 30 јуни и да го одредат шампионот за сезоната 2019/2020. На оваа одлука реагираа бројни кошаркари, а меѓу најгласните е бекот на Барселона, Адам Ханга.
„Искрено, повеќе се плашам од повреда отколку од коронавирусот. Имам 31 година, си го познавам телото и по два месеци пауза тешко е да се натпреварувам на високо ниво. Зборувам со многу играчи и сите го делат мојот став, стравот од повреди е огромен. Јасно е дека мораме да ја прифатиме одлуката. Моите соиграчи Рибас и Ориола отворено говореа за овие проблеми на раководството со АЦБ-лигата, но на крајот нивните аргументи не беа прифатени“, истакна Рибас.
Дел од овој завршен турнир ќе биде и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој настапува за екипата на Хувентуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА