Кошаркарите пропуштија еден тренинг, но се запознаа со салата „Молот“ во Перм (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Македонија го одржа единствениот тренинг во салата „Молот“ во Перм во пресрет на утрешниот квалификациски меч против Русија. Планирани беа два тренинга, но поради долгото патешествие, пропуштен е првиот тренинг во Перм.

„Патувавме 17 часа, преку Софија и Москва и пристигнавме во два часот после полноќ. Според распоредот, имаме тренинг во времето на одигрување на натпреварот на кој ќе се обидеме да испробаме некои тактички замисли. Атмосферата е добра бидејќи и играчите, како и јас, веруваат во овој процес. Сите добро знаеме дека една загубена битка не значи и загубена војна“– вели селекторот Александар Тодоров, пред утрешниот меч со Русија во Перм.

Селекцијата на Русија која е без евролигашките ѕвезди исто така имаше неуспешен старт на квалификациите и загуби убедливо на гостувањето во Италија (64-83).

Се вчитува...