Македонската кошаркарска репрезентација игра дополнително „продолжение“ од патувањето во Швајцарија. По „казна“ поради поразот, „Виз Ер“ не дојде да ги земе синоќа во Базел, па имаше промена на планот. Кошаркарите и стручниот штаб мораат да летаат денеска од Цирих, па праку Белград, да си дојдат во Скопје.
На аеродромот во Цирих го фатија и првиот осминафинален натпревар од Мундијалот во Русија, меѓу Аргентина и Франција. На крајот, и Лионел Меси ќе си летне дома, секако не, со „Виз Ер“. Кошаркарите беа поделени во табори, еден дел за Аргентина, останатиот за Франција. Се радуваа оние што имаа симпатии за „триколорите“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА