Кошаркарската репрезентација на Македонија се најде меѓу 28. селекции кои играа во второто коло од квалификациите за Светскoто првенство 2023, но не се квалификуваа за настап на собирот на најдобрите кошаркарски селекции во светот, и дополнителните 12 селекции меѓу највисоко рангираните тимови од тимовите кои не се квалификуваа за второто коло на квалификациите за Мундобаскетот ќе се натпреваруваат на Олимписките претквалификациски турнири на ФИБА.
Во оној од Европа, право на настап на овие претквалификации изборија победниците од секоја група на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 (Македонија, Полска, Португалија) и најдобро европско рангирана селекција што не се квалификуваше за Мундијалот 2023 година, која ќе биде позната со конечната одлука која треба да биде донесена на Централниот одбор на ФИБА кој ќе се одржи на 28. април.
Тие турнири ќе се одржат во периодот од 12. до 20. август 2023 година. Пет екипи од тие претквалификациски олимписки турнири на ФИБА ќе се квалификуваат за олимписките квалификациски турнири кои ќе бидат реализирани во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА