НБА лигата уште пред неколку седмици соопшти дека во „Дизниворлд“ во Орландо ќе биде отворена анонимна телефонска линија на која ќе може да се јавуваат кошаркарите. Таа линија е востановена како кошаркарите би можеле да пријават различни неправилности кои ги гледаат во комплексот, односно како би можеле на еден начин да се „кодошат“ меѓу себе.
НБА „ѕвездите“ мора да почитуваат многу мерки во „Дизниворлд“ и логично е дека сите нема максимално да се држат до нив, па затоа медиумите во САД веќе почнаа да информираат дека стартувало меѓусебното „кодошење“. Веќе имало неколку анонимни повици и сите биле како би се пријавило кршење на правилата.
Социјалните мрежи по информацијата веднаш полудеа и сите почнаа да шпекулираат дека еден од првите шо се јавил е Крис Пол, бидејќи асот на Оклахома самиот најави дека доколку види неправилности ќе биде првиот кој што ќе ги пријави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА