Кошаркарките против Германија ги стартуваат квалификациите за ЕП 2023

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Хале, против Германија ќе го одигра првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и во Израел. Натпревар во кој нашата најдобра женска селекција влегува со голем хендикеп кој го создава неиграњето на две и тоа како важни кошаркарки.

Премиерата ќе ја прескокнат Девана Бонер, која на еден од последните тренинзи се пожали на болки во пределот на рбетниот столб, и ѝ се придружи на повредената Ивана Кметовска. Тоа му создаде дополнителен проблем на новиот предводник на нашиот женски национален тим.

„Дефинитивно, голем хендикеп за нас ќе ни биде отсуството на Девана Бонер и на Ивана Кметовска на овој прв натпревар од квалификациите. Двете не се доволно подготвени за да одговорат на предизвиците кои со себе ги носат вакви натпревари од прва категорија на европската репрезентативна кошарка“ – вели Александар Ашаданов кој ќе ја има таа чест, таа привилегија, но и одговорност да биде селектор на женската сениорска репрезентација во овој квалификависки циклус за палсмна на ЕП 2023 година.

Првиот противник е добро познат за него…

„Што се однесува за противникот, Германките ни се познати. Беа во нашата група и во претходниот циклус кога јас бев во стручниот штаб. Имаат играчи во WNBA и Евролигата.Најсилни се под кошот. Имаат две искусни кошаркарки. Во прв ред, Гулич која игра во WNBA, а сега настапува во Валенсија, тоа ќе биде нивна најсилна страна затоа што ја немаме Кметовска која ќе можеше да ѝ парира. Слабостите ќе ги бараме кај нивните бекови кои не се на тоа ниво на кое им се високите играчи. Мора да функционираме како целина и да играме како едно“.

Што се однесува за опонентите во групата, Ашаданов смета дека се поквалитњтни од нас, но дека предвање, нема!

„Групата е релативно добра, ако знаеме дека Белгија беше четврта на ЕП и трета на ЛОИ. Босна со Џонс имаше екстра претставување на Европското Првенство, таа беше и најкорисниот играч на шампионатот. Германките се со одличен ростер. Но, јас сум голем оптимист, затоа и ја прифатив оваа работа. Можеме до успех. За мене тоа би биле победи против далеку поквалитетни репрезентации од нас. Може да се случи сешто, но примарната цел е победа“- посакува селекторот на нашата женска репрезентација почетокот на квалификациската трка во групата „А“.

Се вчитува...