Кошаркарот на Будуќност кој колабираше е надвор од животна опасност

Кошаркарот на Будуќност, Алфа Каба беше примен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Црна Гора, откако денеска колабирал додека чекал на шалтер во банка. Неколку часа подоцна, по деталните лекарски прегледи и соодветните наоди, Каба е добро.

За потсетување, во текот на денот вработените во банката ја повикале итната помош, која пристигнала десет минути подоцна. Директорот на Ургентниот центар, Небојша Брновиќ изјави дека кошаркарот на Будуќност е надвор од животна опасност.

„Кошаркарот е примен во Ургентниот центар. Моментално е на дијагностика. Колку што сум информиран тој колабирал во банка. Засега тој е во стабилна состојба. Неговиот живот не е во опасност, но мора да се изврши целосна дијагностика, невролошка и кардиолошка за да се утврди што се случило со него. Ќе потрае малку“, рече Брновиќ.

 

Се вчитува...