Кошаркарска лига „Вардар“: Дербито за МВП против ФМП

Пет натпревари го одбележаа изминатиов викенд од “Младинската кошаркарска лига ВАРДАР”. Во генерацијата 2005 екипите на Дрим Тим (Вардар) и МЗТ Скопје одиграа натпревар во кој крајниот резултат говори доволно. Гостите од Аеродром никако не успеаа да ја надиграат екипата на тренерот Јованчев. Најмногу постигнати поени имаше Савевски (14).Во истата генерација, вистинското дерби беше помеѓу ФМП Академија и МВП Скопје. До последни 10 секунди се одлучуваше победникот на натпреварот. Шуњевиќ во последните секунди го даде кошот кој го запечати натпреварот. Со вистинска драма на двата коша, МВП Скопје успеа да забележи нови два бода на табелата. Најдобар стрелец беше Милошевски со постигнати 24 поени.Гостиварци го совладаа домаќинот Вардар. Екипата на КЕТС со убедливи 60:41 , во генерација 2005 , беше вистински лидер на паркетот, а најдобар стрелец е Самојлоски со 14 поени.3 kolo - KK KetsКЕТС не успеа да извојува победа и во генерација 2003. Екипата ва Партизан Водно Санс, во еден изедначен натпревар успеа да го надигра гостинот од Гостивар со само 2 поени. Николов беше лидер на екипата и постигна скоро пола од вкупните поени (26 поени).На последниот натпревар од ова коло,  во генерација 2003 екипата на МЗТ Скопје се покажа како надмоќна против Пантер Баскет. Освен третата четвртина што ја изгубија со 6:8 , во сите други делови од натпреварот резултатот беше на нивна страна. Сепак најдобриот стрелец е од поразената екипа , Тодевски со 14 поени.РЕЗУЛТАТИ:Генерација 2005/  КК ДРИМ ТИМ (Вардар) – КК МЗТ Скопје 62:22КК ДРИМ ТИМ (Вардар) : Грујовски 2, Илиевски 2, Трпковски 12, Велковски 8, Савевски 14, Кузмановски, Цветановски 12, Драгутиновиќ 12, Велинов.КК МЗТ Скопје: Ѓуровски 5, Стојановиќ 8, Илиоски 2, Дончевски 1, Петковски 2, Деспотовски, Јовчевски, Стојаноски, Дуев, Јакимовски, Ангелевски 4, Стојановски Д.Генерација 2005/  КК ФМП Академија – КК МВП Скопје 68:70КК ФМП Академија: Иванов 8, Јаневски 11, Стојанов 18, Кечовски 2, Јокиќ 2, Ангеловски, Стерјовски 12, Коцев, Пејков 2, Стојановски, Буклицев 13.КК МВП Скопје: Савов 7, Голубовски, Сибиновски 2, Шуњевиќ 12, Стевановски 8, Милошевски 24, Еминовски 3, Крстевски 2, Димитриевски, Головски 8, Маневски 2, ИвановскиГенерација 2005/  КК Вардар – КК Кетс Гостивар 41:60КК Вардар: Јосифовски 6, Миндошев 7, Стојановски 6, Тодев 8, Лауренчиќ 2, Деспотовски, Гештаковски, Гакев 2, Христовски 2, Фрчковски, Мишоски 2, Алаџајков, Костов 6КК Кетс Гостивар: Рајчевиќ 10, Самојлоски 14, Ангелкоски, Драгутиноски, Ѓорѓески, Здравкоски 6, Дејаноски 13, Божиноски М. 2, Божиноски С. 3, Анастасов 4, Стојаноски 8Генерација 2003/  КК Кетс Гостивар – КК Партизан Водно Санс 53:55КК Кетс Гостивар: Серафимоски 10, Николоски, Стојаноски 8, Цветкоски 6, Рајчевиќ 1, Дејакоски, Здравкоски 6, Бојоски 6, Сиљаноски 2, Атанасов, Самојлоски 14КК Партизан Водно Санс: Николов 26, Тодоров 3, Матевски В., Матевски М., Ефремов 2, Димов, Јосифовски 2, Тасевска, Јовановски , Пешевски 2, Паневски, Александровски 13, Добревски 5, Петровски 2.Генерација 2003/ КК Пантер Баскет – КК МЗТ Скопје 28:55 КК Пантер Баскет: Тодевски 14, Шотаровски 5, Најдовски, Михајловски, Аспровски, Младеновски , Стојчевски 7, Алексовски, Колевски , Јовановиќ 2КК МЗТ Скопје: Гигов 2, Наумовски 4, Петровски 4, Митов 4, Ристовски 2, Христовски 10, Христов 4, Ајтовски 6, Пејковски 1, Преспаровски 2, Костадиновски 4, Трајковиќ 2, Гуразовски, Милковски, Деспотовски 4, Шишковски 6.

Се вчитува...