Кошаркарска ноќ на белграѓани: И Црвена Звезда ја освои Атина со триумф над Олимпијакос

По победата на Партизан против Фенербахче во Истанбул, нова победа на белграѓани во 15. коло од Евролигата. И Црвена Звезда стигна до голема победа, триумфирајќи на гостувањето против Олимпијакос во Атина со 86-90.

Црвено-белите во израмнет меч до победата стигнаа благодарение на предноста која ја стекнаа во третата четвртина која ја добија со 17-24. Со тоа ја анулираа предноста на домашните од четири поени на полувремето, па до крајот дојдоа до големата победа.

Лука Вилдоза со 22 поени и осум асистенции беше најдобриот поединец во триумфот на Црвена Звезда, а Филип Петрушев запиша 14 поени. Кај Олимпијакос, Слоукас и Блек запишаа по 14 поени.

Ова за Црвена Звезда е осма победа во 15-от натпревар, а Олимпијакос, пак, го доживеа и шестиот пораз.

Во Берлин, пак, Алба загуби од Макаби Тел Авив со 70-83.

Се вчитува...