Кошаркарската Евролига се проширува до Англија?

Кошаркарската Евролига од следната сезона ќе има проширен состав со дополнителни две екипи, односно ќе брои вкупно 18 учесници.

Тенеденцијата како што најави првиот човек на најсилното европско натпреварување, Џорди Бартомеу, е лигата да се проширува со цел да се промовира кошарката и во земјите каде не се игра на тоа ниво, како на пример во Англија.

„Да се потсетиме на 2000 година кога почнувавме, тогаш во евролигата  имавме и тим од Англија. Сепак, само пет натпревари не се доволни за еден тим на пазар кој е млад и неискусен за кошарка. Сега ситуацијата е поинаква. Бидејќи организацијата е сменета, форматот на лигата дозволува екипите да играат минимум 15 натпревари на домашен терен, па сега тие тимови имаат можност да ни се придружат ако се силен проект. Ние работиме на тоа  и очекувањата се во наредните 3-4 години во Евролигата да имаме екипа од Англија. Тоа се нашите очекувања и јас сум оптимист дека тоа ќе се случи“ – најави Бартомеу.

Се вчитува...