Кошаркарската репрезентација со пад од шест места на ФИБА листата

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пад од шест места на најновата ФИБА ранг листа. Националниот тим сега е 59. светска сила.

Изненадување на списокот е напредокот на Данска за три позиции, со оглед на натпреварите и резултатите во претквалификациите за ЕП.

Промена има на челната позиција каде по неколку месеци се најде САД, која ја истисна Шпанија на втората позиција. Трета е Германија која се искачи за осум позиции. Најмногу напредуваше Летонија која е осма светска сила, и се искачи за 22 позиции.

Се вчитува...