Луис Скола нема намера да ја заврши кариерата додека не си ја исполни големата желба – да одигра уште едни Олимписки Игри во дресот на аргентинската репрезентација. Ветеранот има 40 години, но по извонредниот настап на СП во Кина си обезбеди трансфер назад во Европа и прикажуваше солидни партии во дресот на Милано.
Оваа сезона требаше да биде последна во кариерата на извонредниот кошаркар, но откако поради коронавирусот дојде до одложување на ОИ во Токио, Скола исто така ги промени сопствените планови.
„Јас отсекогаш велев дека сакам да играм во Токио и тоа не е променето. Моментно не гледам ниту една причина зошто не би продолжил уште една година“, истакна Скола.
Најголемиот успех на аргентинскиот ветеран му е олимпиското злато од 2004 година со „гаучосите“, а покрај тоа Скола има освоено и сребро од СП 2019 и бронза од СП 2008.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА