Кошаркарскиот турнир во Франција е најгледан во историјата на Олимписките игри, соопшти денеска Светската кошаркарска федерација.
Според ФИБА, 1.078.319 фанови во живо гледале машка и женска кошарка во Лил и Париз, со што го собориле рекордот на Атланта во 1996 година. На Игрите во Атланта, кошарка во живо следеа вкупно 1.068.032 фанови.
Од ФИБА истакнуваат дека рекордот добива дополнителна тежина ако се знае дека на овие игри биле одиграни 40 натпревари помалку во двете конкуренции наспроти 92 во Атланта, бидејќи форматот на натпреварувањето е значително различен, претходно олимпискиот победник морал да игра осум натпревари, а сега шест.
Просечната посетеност на натпреварите во Лил и Париз била 20.737 вклучувајќи ги и двете конкуренции, 21.711 за мажи и 19.763 за жени.
Олимписки шампиони во двете конкуренции станаа Американците, кои на тој начин ја продолжија доминацијата на Игрите. Американците славеа по 17. пат, а Американките по 10. пат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА