Кошаркарскиот волшебник НЕНО ДИМИТРИЈЕВИЌ: Сам, со рекордни 40 поени, ги победи Рајковиќ и ЦСКА за прво место на Уникс во ВТБ!

Спектакуларна партија за паметење на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за триумф на Уникс Казањ над ЦСКА Москва од 88-78, во последното коло од регуларниот дел во ВТБ лигата и обезбедено прво место за неговата екипа пред плеј-оф разигрувањето.

Неверојатниот Нено со, веројатно, партијата на кариерата и рекордни за него оваа сезона 40 поени, дополнети и со 9 асистенции и 6 скока, буквално сам ги победи Емил Рајковиќ и ЦСКА Моска.

Немаа шанси ЦСКА и Рајковиќ денеска против апсолутно недостижниот кошаркарски волшебник, Нено Димитријевиќ кој едноставно играше незадржлива атомска кошарка. Со 7 од 9 во обидите за три поени, и 8 од 11 за два поени, а упорно разигрувајќи го плус и комплетниот тим донесе одлучувачка победа за неговиот тим за врвот на табелата пред плеј-офот.

Претходниот рекорд во поени за Нено сезонава во ВТБ лигата беше 38 поени, исто така против ЦСКА, но на гостувањето во Москва, за да сега дополнително им одржи лекција на лутите ривали.

Единствен кај Уникс кој успеа да го следи беше Џејлен Рејнолдс со 22 постигнати поени. Кај ЦСКА се издвои Тримбл Мело со 21 постигнат поен.

Се вчитува...