Кошаркарските прволигаши и Наумовски на состанок в среда

Состанокот на Здружението на прволигаши кој го побара актуелниот коашаркарски шампион, Работнички, а на кој ќе присустува и претседателот на МКФ, Петар Наумовски ќе се одржи в среда.

Работнички испрати барање за итен состанок на кој би се разговарало за актуелните кошаркарски проблеми. Веќе в среда, Работничкии има натпревар на домашен терен, а во салата во која настапува не успеа да ги направи побараните корекции до почетокот на втората натпрварувачка фаза од сезоната.

Една од дилемите сигурно ќе биде децидно почитување на одлуките на Управниот Одбор донесени пред околу половина година, кога куќата на кошарката „замижа“ на многу неправилности на стартот од Првата лига, со јасна порака дека сето тоа ќе мора да биде исправено до почетокот на Супер-лигата и на плеј-аут лигата. Тоа не се случи, па сега Работнички пред Купот на Македонија бараше да бидат децидно почитувани претходните одлуки на УО.

Се вчитува...