Кошарката го допира дното: Децата дојдоа, ги немаше судиите

Македонската кошарка од ден на ден тоне се подлабоко, а дното беше допрено на денешниот дуел од младинските категории меѓу Работнички и Водно санс, кој не се одигра бидејќи судиите не се појавија во салата „Градски парк“.

Кошаркарите на двата тима беа во салата во предвидениот термин, се загреваа чекајќи официјалните лица да пристигнат, за на крајот да се увиди тажната вистина – дека судиите воопшто нема да дојдат, па мечот нема да се игра.

deca2

ЕКИПА дознава дека не станува збор за никаков штрајк, туку за грешка во комуникацијата со официјалните лица, кои не биле благовремено информирани за терминот на одигрување на натпреварот.

Вообичаено, за секој скандал во мак-кошарката се бара одговорност од претседателот на МКФ, Петар Наумоски, а исклучок не е ниту оваа ситуација.

Пеце голем срам си за мак кошарката. Најдобро од тебе ќе биде да си дадеш ОСТАВКА. Младинската лига се игра за развој на мак.кошарката. Децава за што беа дојдени на натпревар? Да не им пратиш судии? А бе Пеце ќе останеш запамтен како гробар на македонскава кошарка“ – е само една од бројните реакции на социјалните мрежи.

Се вчитува...