Кошарката се враќа во мода – МЗТ пак е дел од „одбраното друштво“ во регионот (Фотогалерија)

МЗТ Скопје по четири години пауза повторно ќе биде дел од кошаркарската елита во регионот, покажувајќи „светло на крајот на тунелот“ за мак-кошарката која тоне со години наназад, како на клупски, така и на репрезентативен план.

„Металците“ покажаа дека сезонава за разлика од пред неколку години се подготвени за предизвикот, одговорија на вистински начин на притисокот со кој се соочија и стигнаа до голем успех. Салата што во изминатите години ја полнеа само ракометарите на Вардар, овојпат почувствува и „кошаркарска фешта“ на трибините, со добро познатите навивачки песни кои ечеа и во легендарната „лименка“ во Аеродром.

Успехот на МЗТ нека биде потстрек и за сите останати, за кошарката да тргне напред, како што заслужува…

Се вчитува...