Кошиелни се враќа дома – Французинот потпишува за Бордо

Францускиот одбранбен фудбалер Лорен Кошиелни по девет поминати години во редовите на Арсенал, ќе премине во Бордо за сума од 5 милиони евра.

Кошиелни има уште една година од договорот со „топчиите“ кои сакаа да ја продолжат соработката, но 33-годишниот дефанзивец тоа го одби сметајќи дека не е доволно ценет на „Емирати“, барајќи да замине. Тој не сакаше да отпатува со тимот на подготвителната турнеа во САД.

Арсенал поведе дисциплинска постапка против него испраќајќи го да тренира со У23 тимот, но фудбалерот беше доследен на тезата дека сака да се врати во Франција.

Кошиелни останува уште да ги договори личните услови со Бордо, а покрај Арсенал во кариерата настапуваше и за Лориен, Турс и за Генгамп.

Се вчитува...