Македонија се соочи со огромен малер во првото полувреме од мечот со Турција по тешката повреда што ја заработи Филип Кузмановски во 22. минута од натпреварот.
Асот на Вецлар тргна во напад и го проигра Серафимов, но при доскокот ногата му излизга по теренот. Нејасно е дали станува збор за скочниот зглоб или за тетивата на десната нога, но Кузмановски веднаш побара лекарска помош и стана очигледно дека проблемот е крајно сериозен.
По само пет минути тој на носилки беше изнесен од теренот, а останува само надежта дека повредата не е премногу сериозна и дека Кузмановски нема предолго да отсуствува од ракометните терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА