Кошмар во Подгорица: Кошаркар на Будуќност колабираше на терен

Подготовките на Будуќност за новата натпреварувачка сезона сериозно се нарушени по вчерашната шокантна случка, откако Данило Николиќ колабираше за време на тренингот што го водеше поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.

Николиќ, кој важи за еден од најстандардните кошаркари на Будуќност, веднаш бил пренесен во болницата во Подгорица, каде врз него биле извршени детални прегледи. Црногорскиот кошаркарски првак ја потврди немилата случка, не обелоденувајќи детали за здравствените проблеми на крилниот центар, само најавувајќи дека тој ќе замине во странство на дополнителни испитувања.

„На нашиот кошаркар Данило Николиќ му се слоши за време на вчерашниот тренинг. По укажаната помоѓ на теренот тој беше итно пренесен во клиниката во Подгорица на натамошни испитувања. Тој денеска беше пуштен на домашно лекување од клиниката, но испитувањата ќе продолжат во странство. Ние му даваме целосна поддршка на Данило Николиќ и ги замолуваме навивачите и јавноста да ја почитуваат неговата приватност во овој период. Дачо, ти посакуваме брзо опоравување и враќање на терен“, објави КК Будуќност.

Се вчитува...