Кошмар за Барса – крај на сезоната за Педри

Барселона беше елиминирана од Лигата на Европа по синоќешниот пораз од Ајнтрахт, но уште поголем проблем за Чави претставува повредата на главниот организатор на играта на каталонскиот гигант, младиот суперталент Педри.

Тој мораше да биде заменет, а првичните прогнози воопшто не се позитивни за Барса, станува збор за кинење на мускулот поради што Педри го очекува пауза од терените. Како што јавуваат шпанските медиуми, паузата ќе изнесува меѓу шест и осум седмици, што практично значи дека Педри нема да може да се врати до крајот на сезонава.

Чави ќе мора да се снаоѓа без својот главен играч за врска, во невозможната мисија да се обиде да го стигне Реал Мадрид во трката за титулата. Реал Мадрид на седум кола до крајот има освоено 72 бода, додека Барса има 60 бода, но и меч помалку во однос на „кралевите“.

Се вчитува...