Кошмар за Барса – повреда во најлош момент на младата суперѕвезда

Тренерот на Барселона, Чави, се соочи со нов сериозен проблем во клучниот дел од сезоната откако Педри Гонзалез заработи незгодна повреда на дуелот со Манчестер Јунајтед.

Младата суперѕвезда на каталонскиот гигант го повреди мускулот, по што Педри самиот побара да биде заменет и уште во првиот дел го напушти теренот. Според првичните прогнози, станува збор за кинење на мускулни влакна по што се очекува Педри да биде надвор од терените најмалку еден месец. Ова значи дека одличниот плејмејкер ќе го пропушти реваншот со Манчестер Јунајтед, неколку важни средби во Ла Лига, но и првиот полуфинален меч од Копа дел реј против Реал Мадрид, закажан за 2 март.

Проблем плус за Чави пред реваншот во Манчестер претставува суспензијата на Гави, што ќе придонесе Барселона со сериозно ослабен среден ред да настапи на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...