Кошмар за Барса: Уште еден напаѓач на долга пауза

Главоблките на Роналд Куман околу селекцијата на фудбалери за секој натпревар на Барселона уште повеќе се зголемија откако беше обелоденето дека повредата на Мартин Бреитвајт заработена пред репрезентативната пауза е крајно сериозна.

Првите прогнози велеа дека данскиот офанзивец ќе може да се врати кон средината на септември, но дополнителните прегледи исфрлија на површина сериозен проблем со коленото. Според последните информации, Бреитвајт ќе мора да паузира меѓу три и четири месеци, што значи дека нема да му биде на располагање на тренерот Куман до крајот на годинава.

Само за потсетување, стратегот на Барса од стартот нa сезонава не може да смета на младата суперѕвезда Ансу Фати, а најмалку до ноември „во аут“ ќе биде и Серхио Агуеро, кој пристигна како големо засилување од Манчестер Сити, но се уште нема дебитирано за каталонскиот гигант.

Се вчитува...