Фудбалерот на Челси, Џереми Гитенс ќе отсуствува долго време од терените поради повреда на бутниот мускул, пренесе клубот од Лондон. Крилниот играч се повреди за време на мечот со Вест Хем, и го немаше на реванш натпреварот во Лига Купот против Арсенал во вторникот.
Менаџерот на Челси, Лиам Росениор не прецизираше колку точно ќе отсуствува Гитенс, но наведе дека ќе отсуствува подолг период.
„Изгледа отсуството ќе биде подолго. Има пукнатина во бутниот мускул, што е голема штета и голема загуба“, рече Росениор.
Гитенс во текот на минатото лето пристигна во Челси од Борусија Дортмунд за сума од околу 60 милиони евра. Од него се очекуваше многу, но во 16 настапи во Премиерлигата за „сините“, нема постигнато ниту еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

