Кошмар за Естевао – крај на сезоната и на мундијалскиот сон

Сезоната на Челси оди од лошо кон полошо по последните информации за сериозноста на повредата што ја заработи Естевао на дербито со Манчестер јунајтед.

Бразилскиот офанзивец се пожали на болки во мускулот и со солзи го напушти теренот, првите прогнози велеа дека паузата ќе изнесува најмногу три седмици, но деталните прегледи донесоа нова, далеку позагрижувачка дијагноза за здравствената состојба на Естевао.

Имено, утврдено е дека станува збор не само за истегнување, туку и за кинење на мускулот, за што паузата изнесува најмалку шест седмици, а може да биде и до три месеци.

Ова значи дека крилниот офанзивен фудбалер нема да биде во тренажен процес најрано до почетокот на месец јуни, по што сосема извесно е дека тој ќе мора да го пропушти и претстојниот мундијал закажан за летово.

Селекторот Карло Анчелоти уште пред неколку месеци најави дека на конечниот список ќе има само фудбалери кои се стопроцентно подготвени за настап, услов што Естевао нема да го исполнува.

Се вчитува...