Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш ќе мора да паузира неколку месеци поради повреда на стопалото. Како што е потврдено, англиското крило заработи повреда поради која ќе мора да паузира околу три месеци.
Грилиш денеска беше подложен на дополнителни лекарски тестови, после кои се покажа дека има тешка повреда која бара долга рехабилитација.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати во финишот на сезоната, односно на средината на април. Неговиот тим во моментов е на десетото место на табелата со 32 бодови, и не треба да стравува за опстанокот, како што беше во некои од претходните сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

