Кошмар за Јунајтед – повредата на Рашфорд е сериозна

Маркус Рашфорд неславно го заврши настапот на ЕВРО 2020, асот на Манчестер Јунајтед не добиваше премногу шанси од селекторот Саутгејт, за да влезе во игра во 120. минута од мечот со Италија и да го промаши пеналот во битката за златниот медал.

Кошмарите за Рашфорд продолжија и по завршувањето на европскиот шампионат, откако беше обелоденето дека повредата на рамото што овој фудбалер ја влече веќе извесно време е од посериозен карактер. Тој ќе мора да замине на операција, која не само што ќе значи пропуштање на стартот на сезоната, туку и пауза од повреда од три месеци.

„Рашфорд нема да може да игра најмалку до крајот на октомври, што сигурно е голем проблем за плановите на Солскјер за наредната сезона“, потврди ББЦ.

Се вчитува...