Кошмар за Кил – Билик ги скина лигаментите

Тимот на Кил се соочува со огромен проблем во пресрет на новата сезона по тешката повреда штоја заработи Никола Билик. Австрискиот бек се жалеше на болка во коленото, а деталните прегледи извршени во Грац само ги потврдија стравувањата – станува збор за кинење на лигаментите во левото колено, по што Билик го очекува долга пауза од терените.

„Оваа вест ме прави многу тажен. Повредата на Нико е голем удар за него, но и за нас како клуб. Билик работеше исклучително напорно за време на паузата, за сега да му се случи ова. Многу ми е жал за него“, истакна директорот на Кил, Виктор Шилаги,

„Зебрите“ се дел од групата Б во Лигата на Шампионите, заедно со екипите на Барселона, Веспрем, Нант, Мотор, Алборг и Целје.

Се вчитува...