Кошмар за Милан: Тешка повреда на Анте Ребиќ (видео)

Милан добро се снајде откако остана без Златан Ибрахимовиќ по позитивниот тест на Covid-19, но „росонерите“ по денешниот дуел со Кротоне се соочуваат со нов голем проблем по повредата што ја заработи Анте Ребиќ.

Хрватот незгодно падна без контакт со противнички играч, по што стана очигледно дека станува збор за сериозен проблем со лакотот.

„Првите информации се дека не станува збор за скршеница. Деталните прегледи ќе покажат колку тој ќе отсуствува од терените“, изјави тренерот Пиоли по мечот.

Се вчитува...