Кошмар за ПСЖ – Мбапе промаши два пенали, па се повреди

Навивачите на ПСЖ имаат причина за загриженост откако Килијан Мбапе заработи повреда и мораше да бдие заменет уште во првото полувреме од гостувањето против Монпелје.

Асот на „светците“ се пожали на болка во мускулот, по што видно разочаран го напушти теренот. Загриженоста е уште поголема ако се знае дека ПСЖ за само две седмици го очекува и првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, за кој доколку повредата се покаже нешто посериозна ќе значи дека Мбапе ќе го следи од трибините.

За кошмарот да биде целосен, Мбапе пред повредата промаши два пенали за својот тим. Тој не беше прецизен од белата точка, судијата нареди пеналот повторно да биде изведен, но Французинот ниту од повторениот обид не успеа да го совлада голманот на Монпелје.

Се вчитува...