Кошмар за Веспрем – на работ на амбисот и во унгарското првенство

Катастрофалната сезона на Веспрем станува уште потешка за тренерот Илиќ и за неговите ракометари откако унгарскиот гигант го загуби и првиот финален меч од плејофот, од големиот ривал Пик Сегед со резултат 31-26. Финалната серија се игра до две победи, Пик Сегед ја има предноста на домашниот терен, а избраниците на тренерот Пастор денеска целосно го надиграа Веспрем и заслужено стигнаа до победа од 31-26.

Пик Сегед успеа резултатски да се одлепи уште во првото полувреме и на одмор да замине со водство од 15-11. Веспрем не покажа капацитет да возврати во вторите 30 минути, во кои домашните навивачи бодрени од верните фанови знаеја како да ја задржат предноста и да триумфираат со „плус пет“. Блонц со седум погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, a шест постигна Мачковшек, кој блесна во дуелот со својот поранешен клуб.

Веспрем ќе има можност на домашен терен да израмни на 1-1 во оваа финална серија на мечот што е закажан за 5 јуни, а евентуален неуспех во трката за титулата ќе значи и дефинитивен отказ за тренерот Момир Илиќ. Само за потсетување, Веспрем не успеа да се пласира на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите, откако во четвртфиналниот двомеч загуби од Киелце.

Се вчитува...