Кошмарен старт на „ракетите“, ем редат порази, ем се повреди Харден

Хјустон влезе во новата сезона како главен конкурент на Голден стејт во битката за титулата, но „ракетите“ уште на стартот се соочуваат со сериозни проблеми.

Од првите четири средби Хјустон славеше само еднаш, и тоа на ЛА лејкерс во дуелот што го одбележа големата тепачка што донесе и суспензија на плејмејкерот Крис Пол. Без својот главен организатор на играта „ракетите“ ги загубија последните два дуели со ЛА клиперс и со Јута, но проблемите не застануваат тука, бидејќи во меѓувреме се повреди и најдобриот кошаркар на овој тим, Џејмс Харден.

Тој заработи незгодна повреда на мускулот и ќе ги пропушти следните три натпревари на „ракетите“, по што наредната седмица повторно ќе биде прегледан од страна на лекарскиот тим. Со тоа уште повеќе се отежнува задачата на Хјустон час поскоро да се врати во победнички ритам, нешто што дефинитивно се очекува од овој одличен состав.

Се вчитува...