Болеста на Себастијан Алер е крајно сериозна откако и новите детални прегледи покажаа дека станува збор за малиген тумор на тестисите. Врз камерунскиот голгетер минатата седмица беше извршен хируршки зафат што лекарите го оценија како успешен, но најновите прегледи покажаа дека се уште во организмот постојат трагови од смртоносната болест што ќе мора да се лечи со хемотерапија.
Алер летово пристигна од Ајакс во Борусија Дортмунд за 31 милион евра како замена за Ерлинг Халанд, но неполн месец по потписот следеше шокантната информација за тешката болест на голгетерот.
„Себастијан Алер ќе мора да отсуствува повеќе месеци надвор од терените откако беше утврдено дека има малиген тумор. Хемотерапијата ќе трае со недели, за неговиот организам да се избори со оваа болест. Она што можеме да го гарантираме е дека Алер ќе ја добие најдобрата можна нега и шансите за целосна рехабилитација се многу добри. Му посакуваме на нашиот фудбалер и на неговото семејство многу сила и оптимизам во овој тежок период“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себатијан Кел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА